Српскиот центар од екипата на Денвер, Никола Јокиќ одигра уште еден одличен натпревар и со нов „дабл-дабл“ учинок го понесе својот тим до победа на гостувањето кај Њујорк со 89-114. Гостите победата ја решија уште во првото полувреме кога направија голема предност.
Кошаркарите на шампионот ЛА Лејкерс синоќа славеа во Хјустон со 120-112 и ја обезбедија својата петта победа во последните 6 натпревари, или вкупно осма оваа сезона. Ентони Дејвис средбата ја заврши со 27 поени.
НБА РЕЗУЛТАТИ:
Детроит – Јута 86-96
ЛА Клиперс – Чикаго 130-127
Бруклин – Оклахома 116-129
Њујорк – Денвер 89-114
Хјустон – ЛА Лејкерс 102-120
Минесота – Сан Антонио 96-88
Голден Стејт – Торонто 106-105

