Според американските новинари, Хјустон не размислуваат само за Филаделфија и Бруклин кога станува збор за трејд на Џејмс Харден. Харден изрази желба да се пресели во тие франшизи, но „ракетите“ ги разгледуваат опциите и за други тимови.
Договорот на Харден истекува за две години и тој ќе стане слободен играч, но за екипите кои сакаат да го доведат, тоа не е проблем ниту во овој момент. Што се однесува до Сиксерс и Нетс, тие франшизи ќе имаат потешкотии да се договорат со Хјустон за Харден, па „ракетите“ ќе мора да бараат дестинација на друго место. „Ракетите“, наводно, сакаат млади играчи и избор на Драфт, но сè уште нема индикации со која франшиза би влегле во некои посериозни разговори.