Раководството на НХЛ лигата и Асоцијацијата на играчи го договорија форматот за претстојната сезона 2020/21. Истата ќе започне на 13 јануари во скратена верзија од 56 натпревари, наместо вообичаените 82, и ќе заврши на 8 мај.
Тренинг камповите ќе започнат на 3 јануари и нема да има контролни натпревари. Првичната идеја беше клубовите да организираат натпревари во сопствените сали без публика или со ограничен број на гледачи, но ова може да се промени во зависност од развојот на пандемијата во САД.
Традиционално, 16 екипи ќе учествуваат во плејофот, а елиминациите ќе се одвиваат во четири круга со формат до четири победи од седум натпревари и треба да бидат комплетирани до средината на јули.
Четирите дивизии ќе бидат поделени на Исток, Централ, Запад и Север во кои клубовите ќе играат главно меѓусебни натпревари, а првите четири екипи од секоја дивизија ќе се пласираат во плејофот.

