Сезоната во НХЛ лигата треба да започне на 13 јануари, а таа ќе биде нешто пократка поради доцнењето и крајот на претходната сезона 2019/20. Екипите ќе играат по 56 натпревари.
Националната хокеарска лига и играчите имаат прелиминарен договор и следната сезона во НХЛ ќе започне на 13 јануари, при што секој тим ќе игра 56 натпревари во текот на регуларниот дел од сезоната. Единственото нешто што сè уште чека е одобрување од управата на секоја франшиза, како и одобрување од канадски здравствени власти.
Комесарот на НХЛ лигата, Бил Дели исто така рече дека Лигата и играчите се договориле во петокот навечер. Исто така беше прецизирано дека тимовите ќе се собираат од 31 декември, а сè уште не е сигурно дали сите тимови ќе играат во своите арени или ќе играат некои натпревари во т.н. „центар“ градови.

