Фудбалерот на Барселона и репрезентативец на БиХ, Миралем Пјаниќ е најдобар спортист на Босна и Херцеговина во 2020 година. Изборот традиционално веќе 20 години го прават „Независне новине“ и Националната телевизија на БиХ, а церемонијата, со поддршка на Олимпискиот комитет на БиХ, се одржа во зградата на државната телевизија во Сараево без присуство на гледачи.
Пјаниќ за прв пат беше избран за најдобар спортист на својата земја, откако на крајот на годината со Јувентус ја освои четвртата титула во Италија, а потоа направи трансфер во Барселона.

