Играчот за врска на екипата на Милан, Хакан Чалалханоглу најверојатно ќе ја продолжи кариерата во италијанскиот клуб. Според Тутоспорт, турскиот фудбалер ќе потпише нов договор со „росонерите“ во следните денови.
Милан успеал да најде заеднички јазик со агентот на турскиот репрезентативец, особено кога станува збор за неговата плата.
Исто така беше објавено дека Атлетико и Јувентус остануваат заинтересирани за услугите на Чалханоглу, но малку веројатно е дека може да дојде до некој поголем пресврт во преговорите.

