Кристијан Ериксен ќе го напушти Интер во јануари, а опциите за потенцијална размена се, ПСЖ, Баерн Минхен или Арсенал.
Играчот од средниот ред не е дел од плановите на Антонио Конте и никогаш не бил, но неговата неможност да се вклопи во тактиката на тренерот стана очигледна во последните неколку недели.
Според весникот Тутоспорт, апсолутно нема шанси Данецот да остане во Интер и по јануари. Постојат неколку опции, од продажба за најмалку 30 милиони евра до договор за заем или дури и примамлива размена со друг играч.

