Реал Мадрид е заинтересиран да го врати 23-годишниот репрезентативец Серхио Регулон, кој беше продаден во Тотенхем во последниот преоден рок.
Според извори од клубот, продажбата на Регулон била грешка, особено што 33-годишниот Марсело игра очајно.
23-годишниот дефанзивец се пресели во Англија во септември оваа година за 30 милиони евра. Во исто време, договорот вклучуваше опција за ре-откуп за 45 милиони евра, што челниците на Реал Мадрид ќе се обидат да ја искористат.

