ПСЖ е подготвен да достави понуда за позајмица за Деле Али од Тотенхем. Фудбалерот е во немилост на Мурињо и сигурно нема да биде негов прв избор до крајот на сезоната. Тотенхем е подготвен да го пушти играчот од средниот ред да си замине, па ПСЖ тука ја гледа шансата да добие позајмица со опција за откуп на договорот.
Францускиот шампион не успеа да го позајми Али во текот на летото, кога Спарс одбија да го испратат на годишна позајмица, но сега ПСЖ е во предност затоа што Али не е прв избор на Мурињо.
