Еден од најдобрите кошаркари на Лос Анџелес Клиперс, Пол Џорџ се согласил да го потпише максималниот договор со клубот од Калифорнија. Покрај веќе загарантираните 35,4 милиони долари за следната сезона, кошаркарот ќе добие уште 190 милиони долари до 2025 година.
Пред сезоната 2024/2025, Џорџ ќе има опција за неговиот договор. Тој е еден од најдобрите кошаркари во сегашната генерација на НБА, а кај Клиперси дојде минатото лето од Оклахома.

