Играчот од средниот ред на Јувентус, Сами Кедира, оваа зима ќе биде испратен во англиската Чемпионшип лига.
Според италијанските медиуми, Ватфорд, Норич и Бурнмут се заинтересирани за услугите на фудбалерот, кој ни онака не добива место во тимот на Пирло.
Кедира и смаиот истакна дека сака да замине во Англија, но како член на англиски премиерлигаш. Беше објавено дека главниот тренер на Евертон, Карло Анчелоти сака да го види Германецот во редовите на „карамелите“, но по се изгледа интересот за него во моменов е опаднат.

