Екипата на Манчестер Јунајтед може да се најде во многу деликатна ситуација ова лето околу продажбата на Пол Погба. Се поизвесно е дека најголемите интересенти за потписот на Французинот, Јувентус и Реал Мадрид не сакаат да ја платат цената која „ѓаволите“ ја поставија за Французинот, а тоа може да биде голем проблем за неговата иднина на „Олд Трафорд“.
Јунајтед е решен да не прифати понуда за него помала од 89 милиони фунти. Единствената алтернатива би била доколку „црвените ѓаволи“ се согласат на директна размена. Јунајтед се поврзува со Пауло Дибала од Јуве и Иско и Лукас Васкез од Реал Мадрид. ЕСПН исто така пишува дека целата оваа ситуација може дури и да заврши со потпишување на нов договор со Погба.

