Author: saso

Големата ѕвезда на аргентинскиот фудбал и на екипата на Барселона, Лионел Меси преку објава на Инстаграм се збогуваше од својот сонародник Диего Марадона. Марадона всушност беше идолот на Меси, две години и негов селектор во аргентинската репрезентација. „Многу тажен ден за сите Аргентинци и за фудбалот. Не остава, но не заминува затоа што Диего е вечен, Диего е бесмртен“, напиша Меси.

Read More

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од учинокот на неговиот тим во победата над Интер со 2:0. Овој успех беше доста важен во битката за првите две места во групата „Б“. „Ова беше важен натпревар и бевме добро подготвени. Знаевме дека ќе биде тешко, но покажавме карактер. Среќен сум за играчите затоа што тие честопати се критикувани кога не играат добро. Во фудбалот не може секогаш да се победува, но секогаш мора да играте како што игравме вечерва. Минатата недела игравме добро 75 минути, но на крајот примивме гол и луѓето реагираа како да се случи некаква катастрофа.…

Read More

Легендата на светскиот фудбал, Диего Армандо Марадона починал денеска откако претрпел срцев удар, јави аргентинскиот весник „Кларин“. Диего Армандо Марадона имал кардиореспираторна криза во средата наутро во неговиот дом во населбата Сан Андрес, во градот Тигре. Неколку амбулантни возила се упатиле кон неговиот дом за да му помогнат, но не можеле да сторат ништо за да му го спасат животот. Диего беше опериран на 3 ноември поради субдурален хематом, откако наполни 60 години на 30 октомври.

Read More

По вчерашниот инцидент на мечот Лидс Ј. – Арсенал во кој беше вклучен и нашиот репрезентативец Езџан Алиоски на социјалните мрежи се појави говор на омраза. Имено, Алиоски беше обвинет дека поради расистички навредни кон Николас Пепе бил удрен, по што Пепе доби црвен картон. Арсенал и Лидс се огласија со соопштенија. Тие истакнаа дека нема да толерираат шпекулации, ниту да се прават приказни на социјалните мрежи. И двата клуба најавија соработка со ФА која треба да преземе акција, по која ќе испитува што точно се случил на овој меч и дали има нешто повеќе од исклучувањето на Пепе.

Read More

Фудбалскиот клуб Бодо/Глимт стана шампион на Норвешка за првпат во својата 104-годишна историја откако го совлада Стромсгодсет со 2-1 и на пет кола пред крајот на сезоната веќе има недостижна предност пред конкурентите. Титулата во 2020 година е неверојатно достигнување за Бодо, кој во Норвешка е познат како тим кој постојано се шета од првата во втората дивизија. Последната промоција на тимот беше во 2017 година. Молде, кој беше шампион минатата година, оваа не успеа да ја одбрани титулата.

Read More
NBA

Искусниот шпански центар, Марк Гасол, потпиша двегодишен договор со Лос Анџелес Лејкерс. НБА шампионот со Торонто Репторс имаше понуда да се врати во франшизата од Канада, но тој ја прифати понудата на актуелниот шампион од Калифорнија. Лејкерси направија неколку одлични потези оваа есен, а Гасол е во таа група бидејќи се уште е меѓу најдобрите високи играчи во лигата. Факт е дека Марк ја немаше најдобрата сезона зад себе, но ќе биде исклучително значаен за Лејкерс во битката за нов шампионски наслов. Покрај Гасол, Лејкерси уште од почетокот на преодниот рок ги доведоа Денис Шредер, Весли Метјус и Монтрес Ерел.…

Read More

Поранешниот бек на Манчестер Јунајтед, Патрис Евра, кој сега работи како експерт за Скај Спорт, вели дека Езџан Алиоски „заслужува Оскар“ за начинот на кој се спушти по ударот со глава на Николас Пепе. Иако Евра го означи потегот на Пепе како „навистина глупав“, тој не беше задоволен од театарот на Алиоски и начинот на кој тој се сруши на земја од минималниот контакт. „Кога ќе го направите тоа, тоа е фрустрација. Глупо е. Мислам дека тој [Пепе] треба да им се извини на сите соиграчи затоа што Арсенал имаше план и сè се смени. Алиоски заслужува Оскар. Изгледаше како…

Read More

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, кој поради позитивен тест на Ковид-19 ја пропушти победата над Лестер синоќа, имал негативен тест вчера и ќе продолжи со тренинзите со соиграчите во Ливерпул. Ова го изјави менаџерот Јирген Клоп на прес-конференцијата по натпреварот. „Добив информација дека неговиот последен тест е негативен. Сега влегуваме во нормален режим со него. Во понеделник ќе се одржи тест од УЕФА, по што тој може да продолжи со тренинзи. Всушност, во следните два дена ќе има два теста”, рече Клоп. Клоп додаде дека играчот за врска Наби Кеита има повреда на тетивата по мечот со Лестер. Тој беше…

Read More

Рускиот тенисер Данил Медведев е новиот шампион на Финалниот АТП Мастерс кој доцна синоќа заврши во Лондон. Русинот стигна до титулата со победа над Австриецот Доминик Тим 4:6, 7:6 (2), 6:4. Медведев ја освои највредната титула во кариерата, деветта за него, втора оваа сезона. Русинот стана првиот играч кој го освоил трофејот на последниот турнир, победувајќи ги првите тројца носители, Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Доминик Тим. За победата на завршниот турнир оваа сезона, Данил доби 1500 АТП поени и чек на 1.564.000 долари.

Read More
NBA

Еден од најважните играчи на Мајами Хит, словенечкиот кошаркар Горан Драгиќ, ќе продолжи да го носи дресот на финалистот во НБА лигата. 34-годишниот ветеран имаше статус на неограничен слободен агент, но се договори со „жешките“ за нов договор. Тоа е за две години во вкупна вредност од 37,4 милиони долари. Во меѓувреме, тимот од Флорида се согласи да го продолжи договорот и со друг свој играч – центарот Мејерс Леонард.

Read More