Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан беше задоволен од учинокот на неговиот тим во победата над Интер со 2:0. Овој успех беше доста важен во битката за првите две места во групата „Б“.
„Ова беше важен натпревар и бевме добро подготвени. Знаевме дека ќе биде тешко, но покажавме карактер. Среќен сум за играчите затоа што тие честопати се критикувани кога не играат добро. Во фудбалот не може секогаш да се победува, но секогаш мора да играте како што игравме вечерва. Минатата недела игравме добро 75 минути, но на крајот примивме гол и луѓето реагираа како да се случи некаква катастрофа. Но, тоа не е нормално. Жал ми е за Интер затоа што играа добро на првиот натпревар, но тоа е дел од фудбалот”, рече Зидан.

