Фудбалскиот клуб Бодо/Глимт стана шампион на Норвешка за првпат во својата 104-годишна историја откако го совлада Стромсгодсет со 2-1 и на пет кола пред крајот на сезоната веќе има недостижна предност пред конкурентите.
Титулата во 2020 година е неверојатно достигнување за Бодо, кој во Норвешка е познат како тим кој постојано се шета од првата во втората дивизија. Последната промоција на тимот беше во 2017 година. Молде, кој беше шампион минатата година, оваа не успеа да ја одбрани титулата.

