Аргентинските медиуми ги објавија резултатите од обдукцијата на телото на Диего Марадона, кој почина вчера на 60-годишна возраст. Според информациите, причини за смртта на легендарниот аргентински фудбалер се акутна срцева слабост и проширена кардиомиопатија. Исто така се зборува за хронична срцева слабост, што доведува до акутен белодробен едем.
Јавниот обвинител на Сан Исидоро изјави дека нема знаци на насилна смрт, а последниот кој го видел Диего Марадона жив е неговиот внук.
