Кризата во Реал Мадрид продолжи и синоќа во поразот на домашен терен од Алавеш со 2-1.
Тренерот на „кралевите“ Зинедин Зидан, видно загрижен од формата на пресот по мечот изјави:
„Немам објаснување. Разменивме и добри и лоши моменти. Кога на почетокот ни дадоа гол, работите се комплицираа за нас. Пред некој ден одигравме добар натпревар во Милано, и ова вечерва … Тоа е реалност, наша реалност. Она што треба да го направиме е да продолжиме да работиме, да ги опоравуваме играчите и да ја менуваме динамиката. Немаме постојаност”, вели Французинот.
„Ова е најлошиот почеток на сезоната. Не можевме да ја смениме динамиката на играта и тоа ми пречи и навистина ме загрижува”, додал Зидан.

