Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Квалификациите во Талин ќе се играат со присуство и на гледачи
    Кошарка

    Квалификациите во Талин ќе се играат со присуство и на гледачи

    sasoBy saso20/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Квалификациските натпревари од групата„Б“ за пласман на Евробаскетот во 2022 година, кои се планирани да се играат во периодот од 28. до 30. ноември, ќе се играат со присуство на публика.

    Иако здравствените прилики во Европа, но и во целиот свет, се далеку од идеални, во последно време е забележан е пораст на заразени со коронавирусот, организаторот на „балонот“ во Талин, доби дозвола од ФИБА, мечевите да бидат со присуство на гледачи.

    Секако, со строго контролиран протокол кој вклучува задолжително носење на заштитни маски на сите присутни во салата „Саку Сурхал“ во Талин. Контролирани влегување во објект на комплетно прегледани посетители, и соодветен простор за хендикепирани лица.

    Кошаркарската федерација на Естонија ги објави и цените на билетите за натпреварите. Ќе се продаваат одвоено, односно за секој од предвидените четири натпревари на турнирот. Па така, влезниците за средбата Италија-Македонија, која ќе се игра на 28. ноември (сабота), ќе чинат од 9. до 11. евра.

    Очекувано, многу поскапи ќе бидат оние за мечот во кој домаќинот, Естонија ја пречекува селекцијата на Русија. Цените на билетите се движат од 25.80 до 40.80 евра. Слична е и ситуацијата за вториот натпреварувачки ден на собирот во Талин. За средбата Русија-Италија ќе се плаќа од 16.80 до 30.80 евра, додека нашиот најважен натпревар за време на турнирот, оној со Естонците ќе може да се гледа „во живо“, ако се плати од 25.80 до 40.80 евра.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.