Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Марио Балотели тренира со тимот на Серија Д, Франчиакорта. Напаѓачот се обидува да остане во форма додека чека да најде нов клуб. 30-годишниот напаѓач е слободен агент откако ја заврши соработката со Бреша ова лето. Во моментов, Балотели не е во можност да најде нов тим и започна да тренира со Франчиакорта. Причината е што дел од раководството на овој тим се негови пријатели.
Author: saso
Комисија за натпреварување во рамки на Фудбалската федерација на Македонија информира дека поради измени на Протоколот за спроведување мерки за заштита од „Ковид 19“ и стапување на сила на Општиот Протокол за организирање на натпревари, натпреварите од 11. коло на Прва МФЛ и 10. коло на Втора МФЛ – Исток и Запад кои требаше да се одиграат на 31.10.2020. (сабота) и 01.11.2020. (недела), се одложуваат и истите се пренасочуваат за одигрување на 07.11.2020. (сабота) – 11. коло од Прва МФЛ и 10. коло, Втора МФЛ – Исток и Запад на 08.11.2020 (недела).
Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, најверојатно нема да биде дел од составот на Антонио Конте за гостувањето кај Реал Мадрид во 3. коло од Лигата на шампионите. Неговиот настап е доведен во прашање откако се повреди на пресметката со Шахтјор. „Ромелу направи магнетна резонанца во една од клиниките поради проблем што се појави за време на натпреварот против Шахтјор. Скенирањето откри истегнување на мускулот на левиот бут. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, објавија од клубот. Во тековната сезона, 27-годишниот напаѓач има 7 средби за Интер на сите турнири, на кои постигнал 7 гола.
Со гол во последните секунди, екипата на Порто успеа да му одземе еден бод на нашиот шампион Вардар во вечерашниот дуел од Лигата на шампионите. 25:25 на крајот на семафорот во Јане Сандански иако Вардар во последните 30 секунди влезе со гол предност. Одлично издание имаа голманите и на двата тима. На голот на вардар „царуваше“ Борко Ристовски, кој искористувајќи ја играта 7 н 6 на гостите успеа на крајот средбата да ја заврши и со 4 постигнати гола. Чупиќ постигна 7, а Вујин 5 гола за Вардар, додека кај Порто најефикасен беше Алварез со 7 гола.
Македонската репрезентација до 17 години одигра 0:0 против соодветната репрезентација на Србија и на вториот контролен натпревар одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје. Двајцата селектори направија многу замени во почетниот состав во однос на првиот натпревар, но погодоци сепак немаше ниту на возвратниот меч меѓу двете селекции. Добри прилики за погодок нашата селекција имаше преку Гуџуфи и Јаневски во првиот дел, а во второто полувреме Ерион Шуку беше во добра шанса, но не погоди. Гостинските фудбалери постигнаа погодок во вториот дел, но оправдано беше поништен поради офсајд позиција.
Претседателот на КФСМ, Перо Антиќ денеска излезе со став околу стартот на новата сезона во Првата лига. Првото коло е закажано за 31. овој месец. „Раководејќи се според актуелниот здравствен и безбедносен билтен кај клубовите од Прва лига-мажи, и имајќи го во предвид фактот дека екипите кај кои беа забележани позитивни тестирања од Ковид-19 не можеа да го реализираат во целост тренажниот процес пред 21. октомври, раководството на федерацијата одлучи првото коло од новата натпреварувачка сезона 2020/2021 да се одигра на 31. октомври. Во таа насока, секој учесник во натпреварувањето пред почетокот на натпреварувањето е должен да потпише изјава-согласност со…
Пред утрешната пресметка со Порто во Скопје, Тимур Дибиров со своја анализа за противникот и очекувањата на нашиот шампион. „Ова ќе биде многу тежок меч. Ние сме во една интересна ситуација, по победата на голем тим како Флензбург. Секако сакаме сега на секој нареден меч да напредуваме малку по малку. Порто е многу силен и незгоден противник кој игра со 7 на 6. Кога е најтешко играат најдобро во тој аспект. Но, ние сме на добар пат и тоа треба да го потврдиме“, вели Дибиров.
Играчот за врска на европскиот шампион Баерн Минхен, Серж Гнабри е позитивен на коронавирус. Анализата покажа дека играчот бил заразен со Ковид-19 и веднаш е ставен во изолација. Вечерва баварците го пречекуваат Атлетико Мадрид во натпревар од првото коло во групната фаза од Лигата на шампионите, но 25-годишниот Гнабри кој одигра 4 натпревари за Баерн во германското првенство и постигна 3 гола не ќе може да му помогне на тимот.
И покрај осумте нови позитивни тестови на Ковид-19, на кои се додадени уште пет веќе откриени, АЗ Алкмар ќе мора да патува во Италија на дуел со Наполи во 1. коло од новата сезона во Лигата на европа. Во страв да не го загуби мечот службено и да не заработи казна поради не патување, холандскиот тим ќе мора да се појави на теренот против силниот италијански состав без дури 13 свои фудбалери. Во петокот, холандскиот клуб пријави пет позитивни случаи за Ковид-19, а денеска холандскиот вицешампион откри уште осум нови инфекции во рамките на клубот.
Човекот на одлука на синоќешниот меч во Париз од премиерното коло во Лигата на шампионите, Маркус Рашфорд по победата на Манчестер Ј. изјави дека е пресреќен. „Се разбира, чувствата се пријатни. Што е најважно, победивме. Сега имаме силна позиција во групата, но ова е само првиот натпревар. Нивото на концентрација што го покажавме денес треба да се пренесе на следниот натпревар. На крајот од натпреварот, концентрацијата е најважна за напаѓачот. Може да имате само еден момент, и тој мора да се искористи. ПСЖ има одлични играчи. Беше тешко, но нашите бекови одиграа одлично. Ние сме презадоволни. Одигравме добро и овој…
