Поранешниот италијански фудбалски репрезентативец Марио Балотели тренира со тимот на Серија Д, Франчиакорта. Напаѓачот се обидува да остане во форма додека чека да најде нов клуб.
30-годишниот напаѓач е слободен агент откако ја заврши соработката со Бреша ова лето. Во моментов, Балотели не е во можност да најде нов тим и започна да тренира со Франчиакорта. Причината е што дел од раководството на овој тим се негови пријатели.

