Напаѓачот на Интер, Ромелу Лукаку, најверојатно нема да биде дел од составот на Антонио Конте за гостувањето кај Реал Мадрид во 3. коло од Лигата на шампионите. Неговиот настап е доведен во прашање откако се повреди на пресметката со Шахтјор.
„Ромелу направи магнетна резонанца во една од клиниките поради проблем што се појави за време на натпреварот против Шахтјор. Скенирањето откри истегнување на мускулот на левиот бут. Неговата состојба ќе се следи секојдневно“, објавија од клубот.
Во тековната сезона, 27-годишниот напаѓач има 7 средби за Интер на сите турнири, на кои постигнал 7 гола.

