Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Кошарка»Кошаркарките се комплетираат пред дуелите во Рига
    Кошарка

    Кошаркарките се комплетираат пред дуелите во Рига

    sasoBy saso06/11/2020No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Полека, но сигурно, нашиот женски сениорски национален тим го помина оној прв дел од подготовките во Охрид. Како што вели селекторот Владимир Ѓоровиќ, и најтешкиот, ако се земе предвид дека зад неговите избранички е еден голем период без вистински активности.

    „Одработивме шест тренинзи во Охрид, можам да кажам, во одлични услови кои ги имаме во салата ‘Билјанини извори’, како и во хотелот ‘Тино’ во Охрид. Сакам да напоменам дека овој прв дел е малку потежок за кошаркарките каде обрнавме внимание и на нивната физичка подготвеност и пробавме да ја донесеме на истото ниво пред оваа голема пауза која е евидентирана кај нив“– вели Ѓоровиќ. „Секако паралелно со тоа работиме на поставување на основни принципи на одбрана и на напад, а во меѓувреме обрнавме внимание и на некои други тактички моменти, направивме и прв екипен скаутинг на репрезентацијата на Хрватска“.

    Селекторот ја фали ангажираноста на сите присутни кошаркарки кои денеска го одработуваат и петтиот ден од подготовките за настапот во „балонот“ во Рига.

    „Многу сум задоволен од ангажираноста на екипата во овој период. Имаме и одлична атмосфера. Денеска очекуваме да ни се придружи Девана Бонер. Заедно со Анџелика Митрашиновиќ и Софија Лазареска кои ќе бидат со нас во Рига, се надевам дека и добро ќе се подготвиме, и на турнирот да се претставиме во што е можно подобро светло“ – дополнува Ѓоровиќ.

    Свои очекувања има и Драгана Јоловиќ. Во преден план го става тимскиот дух на екипата која е собрана во Охрид.

    „Што се однесува за овие подготовки во Охрид, се надеваме дека во оваа работна седмица ќе се воиграме подобро. Да се запознаеме со Бонер, која е наше силно оружје. Со неа сигурно ќе бидеме многу посилни во квалификациите во однос на оние претходните. Очекувам тимски дух, и добра игра во Рига“– потенцира нашата, сега веќе искусна репрезентативка.

    Календарот на ФИБА за групата „И“, вели дека на турнирот во Рига, на 12. ноември, Македонија ќе игра против селекцијата на Хрватска. Два дена подоцна, за противник ја имаме селекцијата на Германија.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Ефремовски со апел пред вечното дерби: Заедно сме посилни!

    15/11/2026

    Кари ќе мора да паузира две недели

    13/11/2026

    Александар Петровиќ нов тренер на КК Скопје

    13/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.