Советот на ИХФ го номинираше Чиле за претставник на ракометната конфедерација на Јужна и Централна Америка (СЦАХЦ) на Светското првенство во машка конкуренција кое на стартот на следната година ќе се одржи во Египет (13 до 31 јануари).
Со номинацијата на Чиле, Македонија и официјално ја загуби и последната шанса со вајлд-карта да дојде до настап на светскиот собир. Чилеанците го пополнија последното 32. Место за Мундијалот во Египет и ќе играат во група со Египет, Шведска и Чешка на СП во Египет 2021 година. Чиле ќе ја има и честа да го отвори првенството, против домаќинот во Каиро на 13 јануари.

