За в недела во 17 часот, во соседна Србија е закажано големото дерби меѓу лутите градски ривали, Партизан и Ц. Звезда. Станува збор за 163-тото „вечно“ дерби за кое во јавноста се појави информација дека може да се одложи.
Денеска со свој став излезе и Здружението на клубовите од Суперлигата и Првата лига на Србија, во кој се вели дека до вчера до нив такво барање не е дојдено.
„Немаше разговор за тоа. Постапката е јасна, доколку дојде такво барање, тоа прво ќе го разгледа од медицинската комисија на Фудбалскиот сојуз на Србија. Црвена звезда има големо искуство со тестирање на европската сцена оваа сезона“, потврдил генералниот секретар на Здружението.