Денеска на пладне во просториите на Спортското радио 90.3 фм, во присуство на комисијата за натпреварувцање на Турнирот во мал фудбал на медиумите, според поставените протоколи за заштита, беа извлечени двојките за годинешното издание на популарната манифестација.
Турнирот ќе се одржи на отворено в недела на 18 октомври, а во елиминациските дуели ќе се сретнат:
Канал 5 – Канал 77
МРТВ – Сител
МТВ 2 – Алсат М
ТВ 24 – Спортско радио 90.3
Турнирот ќе се одигра комплетно по системот на елиминации. Точните термини и протоколи за организирањето на натпреварите ќе бидат објавени во наредните денови, а секоја од екипите ќе биде и лично известена.