Фудбалската репрезентацијата на Македонија денеска од 20.45 часот против Грузија на Националната арена во Скопје ќе го игра натпреварот од четвртото коло во Лигата на нации против селекцијата на Грузија.
Нашите најдобри фудбалери влегуваат во костец со главниот кандидат за првото метсо во групата, против кого во првиот меч во Тбилиси одигравме нерешено – 1:1.
Вечерашниот меч ќе биде и еден вид генерална проба пред финалето од Лигата на нации кои овие две селекции ќе го оидграат во ноември во Тбилиси. Селекторот Игор Ангеловски за вечерашниот меч не може да смета на повредените Аријан Адеми, Стефан Спировски и Егзон Бејтулаи, потоа Енис Барди нема да игра поради жолти картони, Висар Муслиу поради црвениот картон со Ерменија е суспендиран (на два натпревари), а повторно ќе бидеме и без Елиф Елмас поради позитивниот тест на Ковид-19.
Вечерва во нашата група играат и Естонија и Ерменија.
Лига на нации
Лига „Ц“, 4. коло
20.45 часот Македонија – Грузија
20.45 часот Естонија – Ерменија

