Проблемите за селекторот на Грузија, Владимир Вајс, пред мечот со Македонија вечерва се продлабочија по синоќешниот тренинг во Скопје. Како што објавија грузиските медиуми, Вајс вечерва нема да смета ниту на Торнике Окриашвили, 28-годишниот играл за врска на кипарски Анортозис.
Тоа значи дека по Чакветадзе, Хочолава, Кашија, Какабадзе, Абурјанија и Канкава, тимот на Вајс останува и без седми репрезентативец.
Окриашвили има мала повреда и нема да може да се појави вечерва.