Македонскиот репрезентативец од екипата на Спортинг, Стефан Ристовски одбил да се пресели во Динамо Москва. Како што потврдија утрово руските медиуми, клубовите се договориле за договор за закуп, но 28-годишниот играч сака да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Спортинг бараше целосен трансфер, но Динамо (М) прифатил едногодишен закуп со можна опција за откуп на договорот на Ристовски следното лето за 3 милиони евра. Поради неподготвеноста на Ристовски да замине во Москва, преговорите сега се прекинати.

