Македонската фудбалска репрезентација полна со оптимизам го пречекува утрешниот дуел со Косово во полуфиналето од плеј-офот во Лигата на Нации. Капитенот на нашиот национален тим, Горан Пандев, на последниот прес пред мечот вели:
„Благодарност до сите кои придонесоа да дојдам и да го одиграм овој натпревар. Знаеме што носи овој натпревар. Имаме доста искуство, жално е што нема да има публика. Моја желба беше токму овој меч да го одигран пред публика, но што е тука е. Одиме на победа. Секако дека сум емотивен за овој момент, за овој меч. На овој народ му требааат вакви моменти и едно можам да ветам, дека ќе го оставиме срцето на терен за да го израдуваме македонскиот народ. Нијанси ќе го одлучат мечот, но ние се подготвуваме како и за сите мечеви“, потенцира нашиот капитен, пред утрешниот дуел од 20.45 часот на Националната Арена во Скопје.

