Младата фудбалска репрезентација на Македонија, денеска од 13 часот по македонско време во Алмати и гостува на селекцијата на Казахстан во еден од мечевите кои одлучуваат за пласман на ЕП 2021. Селекторот Благоја Милевски, утрово во разговор за Спортскотото радио 90.3 фм ги сподели очекувањата од дуелот со Казахстанците.
„Се работи за една сериозна селекција, составена од фудбалери кои играат стандардно. Како тим се многу цврсти, имаат одлична транзиција. Очекувам слична средба како онаа во Скопје, но ние не сме истите, поради проблемите со кои се соочивме. Двајца фудбалери поради Ковид-19 не се со нас овде, имаме уште две повреди, но што е тука е. Ќе излеземе на терен со она со што располагаме и ќе се бориме“, вели Милевски од Алмати.
Македонија минатата година во Скопје одигра 1:1 со Казахстан, па сега е добра шанса да се обидеме да им вратиме на гостински терен.