Играчот за врска на Интер, Жоао Марио синоќа ги мина лекарските прегледи, а денеска ќе потпише договор со Спортинг Лисабон. Португалецот ќе игра на позајмица во Спортинг една година.
Марио, кој минатата сезона играше како позајмен во Локомотив Москва, веќе е во својата татковина и е подготвен да го заврши трансферот во Спортинг. Португалскиот клуб ќе плати само околу третина од платата која Жоао Марио ја зема во Интер, додека остатокот ќе му го исплаќаат „нероаѕурите“.

