Холандскиот судија Дани Макели од Холандија ќе биде главен судија на утрешниот дуел меѓу Македонија и Косово во полуфиналето на плеј-офот од Лига „Д“ во Лигата на нации. УЕФА ги потврди судиите за утрешниот дуел, а покрај Макели на центарот во Скопје ќе бидат и неговите асистенти, Марио Дикс и Хесел Сетестра.
За првпат на дуелот во Скопје ќе биде инсталирана и ВАР технологија која ќе се применува во сличај на потреба.