Уште еден член на Евролигата денеска пријави кошаркари заразени со коронавирусот. Станува збор за руски Химки кој објави дека за време на рутинското тестирање на кошаркарите на тимот, идентификувани се три позитивни случаи на инфекција.
Тестовите спроведени на 3 октомври открија условно позитивни резултати кај тројца кошаркари кои се асимптоматски. Вчера тројца кошаркари беа позитивни и кај ЦСКА (М).