Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп објави дека Џердан Шаќири наскоро ќе го напушти Ливерпул, веројатно непосредно пред затворањето на преодниот рок на 5 октомври.
Швајцарецот не добива минутажа под водство на Клоп, а Германецот исто така тврди дека фудбалерот е концентриран на работи што се случуваат надвор од теренот, па затоа не е 100% посветен на фудбалот.
„Не можам и не сакам да кажам ништо за тоа. Што можам да кажам? Тој не е повреден а да не игра. Ова е време од годината кога менаџерите добиваат некои информации, а потоа треба соодветно да реагираат”, рече Клоп, навестувајќи го заминувањето на Швајцарецот.

