Борусија Дортмунд одбила и 90 милиони евра од Манчестер Ј. за потписот на младиот англиски репрезентативец, Џејдон Санчо. Според лондонски Гардијан, Јунајтед преку посредници испратил две понуди за офанзивниот играч на почетокот на неделата, едната од 80, а другата од 90 милиони евра. Луѓето од управата на „милионерите“ од Дортмунд одговориле веднаш, со тоа што ги отфрлиле и двете понуди.
Германците не отстапуваат од барањата од 120 милиони евра за Санчо, кој е се поверојатно дека ќе остане во Германија. Новина е што бундеслигашот би прифатил дел од таа сума да е во вид на бонуси. Од „Лондон Тајмс“, пак, пишуваат дека шансите да се заврши овој трансфер до крајот на рокот за трансфери (понеделник) во моментов се „50-50“.