Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, пренесоа италијански медиуми, а потврди и самиот клуб. Ибрахимовиќ нема да биде дел од тимот на Милан вечерва на пресметката со норвешки Бодо-Глимт во третото коло од квалификациите за Лигата на Европа.
Според италијанските медиуми, Ибрахимовиќ не чувствува никакви симптоми, но веднаш е испратен во самоилозација во наредните две недели поради позитивниот тест. Ибрахимовиќ во првите две кола од Серија А постигна три гола и е најзаслужен што „росоњерите“ имаат максимален ефект.