Кошаркарите на Денвер Нагетс го совладаа Лос Анџелес Лејкерс со 114:106 и намалија на 2-1 во финалето на плеј-офот на Западната конференција во НБА лигата.
Нагетси го контролираа резултатот во поголемиот дел од натпреварот, но скоро дојдоа во ситуација да стравуваат за победата откако прокоцкаа предност и од 20 поени во последната четвртина.
Лејкерси стигнаа на кош заостанување на шест минути пред крајот, но во клучните моменти Мареј ја покажа својата вредност и сам му донесе голема победа на Денвер со две тројки.
Никола Јокиќ иако немаше клучна улога во финишот, одигра одличен меч со нов дабл-дабл со 22 поени (9/14), 10 скока и 5 асистенции. Мареј со 28 поени беше најефикасен кај Нагетс, додека кај ЛА Лејкерс прв поентер беше Леброн Џејмс со 30 поени.