Јапонката Наоми Осака триумфираше на Грен Слем тунирот УС Опен, откако во финалето ја совлада Викторија Азаренка со 2-1 во сетови (1-6, 6-3, 6-3).
До втората титула на УС Опен, а трета во нејзината кариера од Грен Слем турнирите, Осака стигна со сензационален пресврт откако губеше по првиот сет и тоа со само еден освоен гејм.
Победата ја прослави со дрес од легендарниот Коби Брајант. Вечерва се игра и машкото финале во кое ќе се сретнат Тим и Зверев.