Уругвајскиот напаѓач од екипата на Барселона, Луис Суарез ги прекина преговорите со Јувентус пренесуваат каталонските медиуми. Според изворот, Суарез се сомнева во исправноста на трансферот во Јувентус, бидејќи сфаќа дека, најверојатно, ова е неговиот последен голем трансфер во кариерата. Уругваецот сака да ги процени сите можни сценарија пред да донесе конечна одлука. Главен претендент за потписот на Суарез е Атлетико (М), кој исто така преку свои канали напаѓа за потписот на искусниот голгетер.
Author: saso
Рускиот тенисер Данил Медведев е првиот полуфиналист на машкиот дел од УС Опен.Медведев во синоќешното прво полуфинале го победи својот сонародник Андреј Рублев по два и пол часа игра со 7:6 (6), 6:3, 7:6 (5). Во моментов, петтиот тенисер на планетата е на чекор до минатогодишниот успех, кога го презеде епитетот вицешампион. 24-годишниот Русин стигна до најдобрите четири на УС Опен со пет победи без загубен сет, односно со сет количник 15:0. Негов противник во полуфиналната рунда ќе биде Австриецот Доминик Тим кој утрово во три сета го победи Австралиецот Алекс Де Минаур со 6:1, 6:2, 6:4. Кај дамите, Викторија…
Кошаркарите на Торонто Репторс победија по две продолженија против Бостон Селтикс со 125:122 во шестиот натпревар од полуфиналето на Истокот. Тимот на Бред Стивенс не успеа да ја затвори серијата и седмиот натпревар ќе одлучи кој ќе му се придружи на Мајами во финалето на Истокот. Торонто имаше четири поени предност (98:94) на четири минути до крајот, но во последната минута влегоа со резултат 98:98. Сиакам не погоди на 25 секунди до крајот, а Кемба Вокер возврати со иста мерка само две секунди пред да истече времето. Еден од хероите на Торонто во двете продолженија беше Норман Пол со неколку…
Европските клубови бараат промени во регулативата за Лигата на шампионите и Лигата на Европа за следната сезона. ББЦ објави дека европските клубови бараат да им биде дозволено да прават по пет замени за време на натпреварите во европските купови оваа сезона. Се верува дека благодарение на ова ќе биде можно да се намали товарот на фудбалерите во новата сезона од Лигата на шампионите, каде паузата е намалена за четири недели поради одложувањето на стартот на новата сезона. Од УЕФА се уште се немаат изјаснето, но ќе го стават ова прашање на првата следна седница на извршниот комитет.
Напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, ќе остане во клубот и следната сезона. Атлетико е свесен за интересот на Јувентус за Мората, но мадриѓани нема да го пуштат својот играч да си замине. Во исто време, самиот напаѓач исто така не сака да го напушти клубот. Мората се пресели во Атлетико во јануари 2019 година од Челзи на позајмица за 7 милиони евра. Во летото 2020 година, „јорганџиите“ ги откупија правата за него за 56 милиони евра. Минатата сезона, 27-годишниот напаѓач учествуваше на 34 првенствени натпревари во Шпанија (25 во првиот состав), на кои постигна 12 гола и даде две…
Македонската фудбалска репрезентација се враќа со еден освоен бод од гостувањето кај Грузија во мечот од 2. коло во новиот циклус на УЕФА Лигата на нации. Во израмнет меч кој се играше по исклучително тежок терен, Грузијците ја искористија својата прва шанса и по пеналот кој го направи Алиоски уште во 13. минута од пенал со голот на Окриашвили дојдоа до предност од 1:0. Момците на селекторот Ангеловски стиснаа заби, возвратија и во 33. минута по една одлична акција, Пандев асистираше за Стефан Ристовски кој успеа да погоди за израмнување на 1:1. Во вториот дел продолжи израмнетата битка,…
Утре во Виена со почеток од 11 часот е закажана ждрепката за 2. коло од квалификациите во ракометната Лига на Европа. Металург ќе го чека својот нов противник од групата на носители и со тоа ќе чека релативно полесен противник на патот кон групната фаза. ЕХФ денеска ги објави групите од кои утре ќе се одредуваат двојките за следното квалификациско коло. НОСИТЕЛИ: RK Nexe (CRO) Bjerringbro-Silkeborg (DEN) GOG (DEN) BM Benidorm (ESP) Montpellier Handball (FRA) Fenix Toulouse HB (FRA) Rhein-Neckar Löwen (GER) Füchse Berlin (GER) Balatonfüredi KSE (HUN) HC Metalurg (MKD) KS Azoty-Pulawy SA (POL) Sporting CP (POR) НЕНОСИТЕЛИ: Fivers…
Кошаркарската Евролига го потврди Келн како град домаќин на фајнл-фор турнирот во Евролигата во 2021 година. Арената Ланксес првично требаше да биде место на Фајнл Фор во 2020 година, но поради пандемијата, Келн ја добива организацијата на завршниот турнир една сезона подоцна. Келн ќе стане епицентар на меѓународната кошарка од 28 до 30 мај 2021 година, а „Ланксес Арена“, која веќе 21 година е домаќин на големи спортски настани, е сцената на која ќе се круниса новиот шампион во Евролигата.
Речиси е сигурно дека Мемфис Депај (26) ќе го напушти Олимпик Лион ова лето и најверојатно ќе се пресели во Барселона. Каталонскиот дневен весник „Ла Вангардија“ објави дека Барселона е пред постигнување договор со Французите, а сумата на трансферот ќе изнесува околу 25 милиони евра. Претседателот на Лион, Жан Мишел Ола, за француската програма „Телефут“ изјави дека понудата од Барселона е на маса неколку дена, но Лион се уште се надева на најмалку 30 милиони евра за неговата слобода.
Тимот на Манчестер Сити потврди дека двајца фудбалери на екипата се позитивни на коронавирусот. Станува збор за Емерик Лапорт и Ријад Марез. И обајцата се веднаш ставени под карантин и останува да бодат под комплетен здравствен надзор. Премиер лигата стартува следната недела и нормално дека овие двајца уште долго нема да бидат во комбинација за настап.
