Уругвајскиот напаѓач од екипата на Барселона, Луис Суарез ги прекина преговорите со Јувентус пренесуваат каталонските медиуми. Според изворот, Суарез се сомнева во исправноста на трансферот во Јувентус, бидејќи сфаќа дека, најверојатно, ова е неговиот последен голем трансфер во кариерата. Уругваецот сака да ги процени сите можни сценарија пред да донесе конечна одлука.
Главен претендент за потписот на Суарез е Атлетико (М), кој исто така преку свои канали напаѓа за потписот на искусниот голгетер.