Author: saso

Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА-лига, откако  со неверојатен пресврт успеа да се избори за победа по подобро изведувањ ена пенали против екипата на ППД Загреб. Загрепчани имаа предност од 6 гола на 9 кинути пред крајот на мечот (18:24), но Вардар со пеколен финиш се избори за реми 26:26 и изведувањ ена седмерци. Таму, одлична партија на голот имаше Борко Ристовски, кој успеа да одбрани два пенали (Матановиќ и Вистоп), додека ракометарите на Вардар беа беспрекорни и успеаја да слават со 30:29 и да закажат финале со Веспрем в недела. Инаку Дисингер и Дибиров со по 6 гола…

Read More

Ракометарите на Веспрем се пласираа во своето четвртото финале на Ф4 завршницата од СЕХА-лигата. Тие вечерва во Задар го совлада Мешков Брест со 28-24 (12-13). Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков постигна три гола од пет обиди во победата на унгарскиот тим, додека Маргуч и Ненадиќ со по шест гола беа први стрелци во редовите на Веспрем. Со почеток во 20:30 часот стартува второто полуфинале во кое Вардар ќе ги одмери силите со ППД Загреб.

Read More

Младиот Брахим Диаз го потврди трансферот од Реал Мадрид во Милан, каде следната сезона ќе го носи дресот со број 21. Станува збор за позајмица, без можност Милан следната сезона да го откупи неговиот договор. Двата клуба имаат многу добар однос, па постигнаа договор за опциите и контра-опциите за време на сезоната. Во меѓувреме, креативниот играч за врска може да започне да тренира со тимот на Стефано Пиоли и да биде достапен за прелиминарните рунди во Лигата на Европа. Играчот само што наполни 21 година и беше купен од Манчестер Сити во јануари 2019 година за 17 милиони евра.

Read More

Здружението на професионални фудбалери во Англија (ПФА) го објави списокот на играчи кои конкурираат за титулата, „Најдобар во Премиер лигата за минатата сезона“. Меѓу шесте играчи има четворица од шампионот Ливерпул, а тоа се Вирџил ван Дајк, кој ја освои наградата минатата сезона, Трент Александар-Арнолд, Џордан Хендерсон и Садио Мане. Во конкуренција се и играчите на Манчестер Сити, Кевин Де Брујн и Рахим Стерлинг.

Read More

Некогашниот борач и репрезентативец Љуљзим Вранези, а сега истакнат тренер, е добитник на наградата “8-ми Септември“ за животно дело. Награда која се доделува за исклучителен придонес и развој на спортот, афирмација и промоција на Република Северна Македонија на меѓународен план и признание на спортисти, тренери, спортски работници за остварувања од областа на спортот. Наградени се и Сократ Ефтимоски, Бесник Мурати, Ванчо Јовановски и Ѓорѓи Вучков. Свеченото доделување на наградите ќе се одржи во Собранието на Република Северна Македонија на 8 септември во 11 часот.

Read More

Капитенот на Барселона и еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Лионел Меси се согласил да остане на „Камп Ноу“ и следната сезона. Одлуката доаѓа 10 дена откако му соопшти на клубот дека сака да си замине. 33-годишниот Аргентинец, минатиот вторник испрати факс до Барса, велејќи дека сака да ја искористи клаузула од неговиот договор, за која сметаше дека му дозволува бесплатно да си замине. Тоа предизвика широко распространети шпекулации за тоа каде може да се пресели. На крајот очигледно прифати да одигра уште една сезона, а следната да замине како слободен фудбалер.

Read More

Еден од најталентираните млади кошаркари во Македонија, Лука Савичевиќ, е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Од клубот денеска го потврдија договорот со 18-годишниот кошаркар, висок 190 сантиметри, кој изминативе две и пол години настапуваше во Шпанија, а со својот талент го привлече вниманието на скаути од екипи како Анадолу Ефес, Олимпија Цедевита и Црвена звезда. Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, како уште еден доказ за неговиот квалитет и огромна перспектива. Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на втор тим МЗТ…

Read More

Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денеска (18.45 часот) ја пречекува селекцијата на Шпанија, актуелниот европски првак, во нов меч од квалификациите за ЕП 2021. Пред овој меч Шпанија води со 13 бода од пет меча, пред Израел со осум, Казахстан со седум и Македонија со седум бода, но од четири средби. На ЕП 2021 ќе се пласираат победниците на деветте квалификациски групи и најдобрите пет од второпласираните селекции. Македонија денеска ќе се обиде да го изненади големиот фаворит и да се искачи на второто место на табелата, особено по вчерашниот „кикс“ на Израел и поразот…

Read More

Атина ќе биде домаќин на завршниот турнир на ФИБА Лигата на Шампионите, одлучи Бордот на најквалитетното натпреварување во организација на Свтската кошаркарска федерација. Во периодот од 30.септември до 4.октомври, „Никос Галис“ Арената (домото на атински АЕК) со капацитет од 18.000 седишта, во грчката престолнина ќе ги пречека осумте најдобри екипи во ова натпреварување кои ќе го дадат новиот шампион на Европа. Засега се познати шест учесници на завршниот турнир: АЕК (Грција), Сарагоса, Сан Пабло Бургос (Шпанија, Нимбурк (Чешка), Хапоел Ерусалим (Израел) и Турк Телеком (Турција). Последните два ќе го даде разврската во ТОП 16 фазата, односно дуелите помеѓу екипите на: Дижон…

Read More

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека две од’sвездите на тимот, Калиду Кулибали и Аркадиуш Милик, ќе бидат продадени. Секако се зависи од понудите и околностите пред стартот на новата сезона во Италија. Милик се поврзуваше со трансфер во Јувентус или Рома, додека информациите за Кулибали го селат во Англија, каде за него интерес има главно од Манчестер Сити. “Кулибали и Милик ќе го напуштат клубот ако тоа го дозволи преодниот рок. Ако околностите ни дозволат да ги продадеме овие двајца фантастични играчи и да ги замениме, ќе го сториме тоа. Ако не, ќе разговараме повторно следната година”, рекол…

Read More