Ракометарите на Веспрем се пласираа во своето четвртото финале на Ф4 завршницата од СЕХА-лигата. Тие вечерва во Задар го совлада Мешков Брест со 28-24 (12-13).
Македонскиот репрезентативец, Дејан Манасков постигна три гола од пет обиди во победата на унгарскиот тим, додека Маргуч и Ненадиќ со по шест гола беа први стрелци во редовите на Веспрем.
Со почеток во 20:30 часот стартува второто полуфинале во кое Вардар ќе ги одмери силите со ППД Загреб.

