Вардар ќе ја брани титулата во СЕХА-лига, откако со неверојатен пресврт успеа да се избори за победа по подобро изведувањ ена пенали против екипата на ППД Загреб. Загрепчани имаа предност од 6 гола на 9 кинути пред крајот на мечот (18:24), но Вардар со пеколен финиш се избори за реми 26:26 и изведувањ ена седмерци.
Таму, одлична партија на голот имаше Борко Ристовски, кој успеа да одбрани два пенали (Матановиќ и Вистоп), додека ракометарите на Вардар беа беспрекорни и успеаја да слават со 30:29 и да закажат финале со Веспрем в недела.
Инаку Дисингер и Дибиров со по 6 гола беа носители на играта на Вардар на денешниот меч, а одлично деби на голот имаше Французинот Кантегреј со 4 интервенции. Борко нанижа 9 одбрани.