Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, потврди дека две од’sвездите на тимот, Калиду Кулибали и Аркадиуш Милик, ќе бидат продадени. Секако се зависи од понудите и околностите пред стартот на новата сезона во Италија.
Милик се поврзуваше со трансфер во Јувентус или Рома, додека информациите за Кулибали го селат во Англија, каде за него интерес има главно од Манчестер Сити.
“Кулибали и Милик ќе го напуштат клубот ако тоа го дозволи преодниот рок. Ако околностите ни дозволат да ги продадеме овие двајца фантастични играчи и да ги замениме, ќе го сториме тоа. Ако не, ќе разговараме повторно следната година”, рекол Де Лаурентис.

