Еден од најталентираните млади кошаркари во Македонија, Лука Савичевиќ, е нов член на екипата на МЗТ Скопје Аеродром. Од клубот денеска го потврдија договорот со 18-годишниот кошаркар, висок 190 сантиметри, кој изминативе две и пол години настапуваше во Шпанија, а со својот талент го привлече вниманието на скаути од екипи како Анадолу Ефес, Олимпија Цедевита и Црвена звезда.
Тој во февруари годинава се најде на поширокиот список на селекторот на сениорската репрезентација, Александар Тодоров, како уште еден доказ за неговиот квалитет и огромна перспектива. Савичевиќ следната сезона ќе настапува во Првата лига и тоа во дресот на втор тим МЗТ Скопје Уни Банка.

