Младата фудбалска репрезентација на Македонија за играчи до 21 година, денеска (18.45 часот) ја пречекува селекцијата на Шпанија, актуелниот европски првак, во нов меч од квалификациите за ЕП 2021.
Пред овој меч Шпанија води со 13 бода од пет меча, пред Израел со осум, Казахстан со седум и Македонија со седум бода, но од четири средби.
На ЕП 2021 ќе се пласираат победниците на деветте квалификациски групи и најдобрите пет од второпласираните селекции. Македонија денеска ќе се обиде да го изненади големиот фаворит и да се искачи на второто место на табелата, особено по вчерашниот „кикс“ на Израел и поразот од Фарските острови.

