Крис Смолинг е се поблизу до враќањето на Рома на трајна основа за сума од само 12 милиони евра. Дефанзивецот кој ја помина минатата сезона на „Стадио Олимпико“ на позајмица и веројатно беше нивниот најдобар централен бек, немаше опција за купување, така што преговорите со Манчестер Јунајтед влегфоа во криза. Јунајтед дури и не му дозволи на Смолинг да остане во Рома за походот во Лигата на Европа во август.
Сепак, Рома сега е под водство на новите сопственици со Дан Фридкин е на пат да го врати Смолинг во Италија. Зделката е пред реализација, само е работа на детали, велат од Италија.
Смолинг повторно ќе биде испратен на позајмица, но овој пат сообврска за откуп следната сезона, со траен тригодишен договор за играчот.

