Дефанзивецот на Челзи, Маркос Алонсо е една од трансфер целите на Интер, пренесуваат медиумите во Италија. Нероаѕурите ќе се обидат да потпишат со 29-годишниот Шпанец доколку Далберт Енрике или друг лев го напушти Милано ова лето.
Тренерот на Интер, Антонио Конте е запознаен со квалитетите на Алонсо од нивната заедничка работа на „Стемфорд Бриџ“ и верува дека тој ќе биде од корист за тимот во сезоната во која Интер ќе јуриша на Скудетото.
Сепак, договорот на дефанзивецот со „сините“ е до јуни 2023 година и Интер ќе мора да плати добра сума за неговиот потпис.

