По синоќешниот пораз од екипата на Веспрем во финалето на Ф4 турнирот од СЕХА Лигата, свој коментар за средбата имаше голманот, Борко Ристовски.
„Заслужена победа за нив на крајот. Имаме многу нови играчи и очигледно ќе ни треба малку време за да ги однесеме работите во вистинската насока. Овој турнир ни помогна да сфатиме дека има уште многу работи на кои треба да работиме и верувам дека во случај да успееме да се подобриме во тие аспекти на играта, ќе имаме добра сезона. Тоа е она што е најважно за нас во моментот. Денес докажавме дека не дојдовме тука со „бело знаме“. Во спортот треба да се борите цело време и до последниот свиреж без разлика кој стои на спротивната страна од теренот. Се чувствувам како да можевме да оствариме подобри перформанси тука денес, но на крајот го имаме она што го имаме. Повторувам, заслужена победа за нив на крајот“, изјави Борко Ристовски.