Ракометарите на Мешков Брест го освоија 3. место на годинешниот завршен турнир од СЕХА лигата во Задар. Во малото финале, Белорусите беа убедливи против хрватскиот шампион, совладувајќи го со 29-24.
Уште во првото полувреме Мешков ги постави работите како што треба, играше цврсто и на пауза замина со два гола предност (14-12). Во вториот дел доминацијата на Мешков Брест продолжи, а со тоа се зголеми и предноста, која на крајот изнесуваше 5 гола.
Со 7 гола Јуринок беше најефикасен кај Мешков Брест, додека кај ППД Загреб, Обрадовиќ постигна 5 гола.

